АктуелноЛокално

(Видео) Јанчев: Шверцерска реорганизација на државната управа да се тргне од дневен ред

  • Говор на пратеникот Саше Јанчев од политичката партија Левица

Законот за организација и работа на органите на државната управа, претставува системски закон и преку овие измени, се менува организацијата и работата на Владата и министерствата, чија работа има директно влијание врз милиони судбини.

📢 Говор на пратеникот од Левица – Сашко Јанчев, кој побара тргање од дневниот ред на точката преку која мнозинството се обидува да прошверцува системски закон:

🗣️ „Прво, основниот закон кој се планира да се менува има 73 членови. Предлогот на Мицкоски предвидува измена на 26 од тие 73 членови. Измена на една третина од основниот закон не може да се третира како едноставна и мала работа, туку како обемна и сложена.

Второ, со предлогот на Мицкоски се предвидува интервенција во половина од постоечките министерства и тоа бришење на надлежности, одземање на надлежности од еден ресор и додавање во друг, а се предвидуваат и четири нови министерства.

Трето, Уставот предвидува различни мнозинства за носење на закони, врз основа на битноста и материјата која ја уредуваат законите. Па така постои најмало мнозинство, тоа е обично мнозинство, средно односно апсолутно мнозинство, и најголемото а тоа е дво-третинско мнозинство.“