(Видео) Богевски со шестчасовен филибастеринг за блокирање на погубен ДУП во Кавадарци

,,Ќе беседам од говорница со денови, ама нема да поддржам погубен детален урбанистички план. Предлог – деталниот урбанистички план за населбата Силекс во Кавадарци е погубен и во спротивност со принципите на просторно и урбанистичко уредување”, потенцираше советникот од Левица во Советот на Општина Кавадарци, Круме Богевски.

👉 Според Богевски, конкретниот ДУП предвидува нови улици на местото на постоечките паркови, како и една особено опасна нова улица, на ерозивно подрачје, веднаш до коритото на реката Луда Мара.

🗣 ,,Овој ДУП повеќекратно паѓаше на јавните анкети со граѓаните кои живеат во населбата Силекс, а до Левица пристигнаа премногу реакции, нема да останеме неми на ова своеволие”, додаде Богевски.

👉 Тој потсети дека пред околу два месеца почнаа постапка за амандманско блокирање на донесувањето на овој ДУП со 365 амандмани.

🗣 ,,На претходната седница за која иницијално беше најавено донесувањето на овој ДУП, предлагачот ја повлече точката од Дневен ред. Беше кажано дека моите постапки се популистички и смислен обид да ја блокирам работата на Општината пред парламентарните избори. Имаше шпекулации во јавноста и дека јас се обидувам да ја блокирам можноста сопствениците на околните парцели да градат објекти за индивидуално домување, што не е вистина! Левица ја поддржува секоја иницијатива на млади луѓе кои сакаат да основаат дом, но во граници на законските одредби, со цел да следните генерации живеат во хумана, здрава и безбедна средина”, појасни советникот Богевски.

⏳️Советникот од Левица, Круме Богевски, околу шест часа часа ги презентираше амандманите, кои мнозинството не ги прифаќа, нагласувајќи дека, сепак, во планот ќе се почитуваат желбите на населението.

📑 Богевски има поднесено 365 амандмани и како што вели – со ова како партија го блокираат уништувањето на делот околу таканаречените Силекс – згради.