АктуелноИнтернационално

Насилно сузбиени Првомајските протести во Париз

Традиционално, за Први Мај, во Париз излегоа работници, синдикати и други организации за да протестираат за поголеми работнички права. Она што отстапуваше оваа година беше нивото на насилство од страна на полицијата врз демонстрантите.

Според француските медиуми околу 40 000 демонстранти излегоа на улица вчера, меѓу кои и учесници на неколкумесечните протести на „Жолтите Елеци“. За време на демонстрациите избија насилства помеѓу француската полиција и демонстрантите (видео). Демонстрантите носеа, меѓу другото, транспаренти со натписи „милијарди за Нотр Дам, нула за работниците“ и „Макрон е претседател на богатите“.

Според режимот на Макрон, полицијата привела над 200 демонстранти и извршила над 15 000 претреси!!!