Левица: Од протест премините на отпор-политичка власт за трудот!

Соопштение на политичката партија Левица по повод меѓународниот ден на трудот, Први Мај.

„Први мај претставува симбол на борбата на работниците против опресијата на државата и елитите, против бескруполозната легална експлоатација од капиталот, против современото наемно ропство кое ги обезличува трудот на сметка на врховната вредност – профитот. Гласот на осиромашените и угнетените не може да биде слушнат во институциите на либералната демократија, каде системската експлоатација е директно диктирана и легализирана од спрегата помеѓу владејачкиот естаблишмент и капиталот. 

Видливо е дека мирните протести и неорганизираниот отпор веќе нема никакви реални импликации врз политичкиот комфор на властодржците, со што се продлабочува мизеријата и бедата на она мнозинство коe ја гради историјата и иднината на општеството.Работниците се обесправени, нивните права погазени, разединети и поробени од шака народ кои средствата за производство ги држат во свои раце, капиталистите! Работниците кои ги создаваат сите добра во заедницата, бдеат во беда на социјалната периферија на истата таа заедница.

Работници, вие погазен народ на трудот, спротиставете се против оние кои ја узурпираа вредноста која ја создавате, изборете се за политичката моќ која ви припаѓа и сите придобивки од вашиот труд.

Од протест преминете на отпор! ПОЛИТИЧКА ВЛАСТ ЗА ТРУДОТ!”

Први мај претставува симбол на борбата на работниците против опресијата на државата и елитите, против бескруполозната…

Публикувахте от Левица / E majta / Levica в Сряда, 1 май 2019 г.