АктуелноЛокалноНастани

„Долу знамињата, долу“ – Груби не сакаше камерите да ги снимат знамињата на митингот на ДУИ

Долу знамињата, долу! Tргнете се, бре. На десно, пред камерите ниедно знаме!, викаше Артан Груби на албански и на македонски јазик, на денешниот митинг на ДУИ во Скопје, објави  ТВ 21 на својата страна на Фејсбук.

Од однесувањето на Груби не може да се открие дали тој сакаше да сокрие дека на митингот не се вееше и државното знаме, а се вееја знамиња на други држави, на САД, на Турција и на други земји или можеби  сакаше да се тргнат знамињата од пред камерите за да ги „фатат“ функционерите на ДУИ и на коалициските партнери?