АктуелноИнтернационалноОгледало

На денешен ден во 1961 година, Куба стана слободна

На 19 април 1961 година, револуционерните сили на кубанскиот народ ги победија последните контрареволуционерни, империјалистички сили кои, со поддршка на владата на САД, ја нападнаа Куба во Заливот на свињите само неколку дена претходно.

Покрај убиените, беа заробени над 1.100 од напаѓачите. Како што забележа Лајф магазинот, револуционерната влада го откри „богатството на заробените напаѓачи: 100 сопственици на плантажи, 67 станоиздавачи, 35 сопственици на фабрики, 112 бизнисмени, 179 живееле од незаработен приход и 194 поранешни војници на Батиста“.

Додека американската влада оттогаш неуспешно се обидуваше да ја порази Кубанската револуција преку нејзината економска блокада и други методи, во Заливот на свињите кубанскиот народ обезбеди опстанок на својата револуција и слобода.