Ванковска, Апасиев и Крмов денес во Велес
Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска ќе одржи голем народен собир во Велес на кој ќе се обратат и претседателот на Левица и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов. (во Народнитот театар Ј.Х.К. – Џинот во 19:30).
Од ЛО Левица Велес повикуваат да излеземе во што поголем број на собирот и да слушнеме дел од програмата на Ванковска како и да ги слушнеме говорите на претседателот на Политичката Партија Левица, Димитар Апасиев и носителот на ИЕ3, пратеникот Борислав Крмов.
Петнаесетти ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.