Изложбата „теракотните икони“ од Виничко Кале ќе биде претставена во Црна Гора
За прв пат пред црногорската публика ќе бидат презентирани едни од најрепрезентативните археолошки откритија „теракотните икони“ од Виничко Кале. На изложбата во Подгорица, Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“- Виница ќе се претстви со 12 мотиви од иконите, како едни од најизложуваните археолошки предмети од Македонија. Истата ќе биде збогатена со 8 банери и проекција на документарен филм за нивното откривање во 1985 год.
Изложбата ќе биде отворена на 16.04.2024 год. во 20 часот во Куслерова куќа – музеј Подгорица и ќе трае до 07.05.2024 год.
Публиката ќе има можност да се запознае со врвното македонско културно наследство, кое Македонија го има презентирано во најреномираните музеи и галерии ширум светот.