Исмаил: Бомбашките напади не беа за Албанците, туку поради тоа што Милошевиќ не прифаќаше економски реформи
- Фејсбук статус на Реџеп Исмаил, член на Президиумот на Левица
Што еден од најголемите живи ителектуалци на Албанија, Фатос Љубојна, ќе напише по повод бомбардирањето на НАТО врз Југославија:
„…ги натераа Албанците да останат инфантилни, да не можат да развијат критичка мисла, а со тоа и својата личност, достоинство и чувство на слобода во себе и во заедницата во која припаѓаат. Идејата дека секое американско барање треба да се спроведува без размислување и дискусија е вгнездена во албанските мозоци, а не во американските.“
„…бомбашките напади [бомбардирањето на СР Југославија] не беа извршени за косовските Албанци, туку поради тоа што Милошевиќ сè уште не прифаќаше економски реформи – Западот се обиде да ја внесе Србија во својата сфера на влијание.“