25 години од „Милосрдниот ангел“, дали сè уште сакаш да бидеш Србин?

Пред точно 25 години, на 24 март 1999 година почна бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија по наредба на тогашниот генерален секретар на Алијансата, Хавиер Солана.

По многу што првата акција на НАТО, „Милосрден ангел“, беше изведена без одобрение на Обединетите нации (ОН).

Во повеќемесечното бомбардирање загинаа 1.200 цивили, а во Македонија дојдоа 360.000 бегалци од Косово. На една од бомбите што падна на територијата на СРЈ, беше испишана пораката: Дали сè уште сакаш да бидеш Србин?

Бомбардирањето заврши на 10 јуни 1999 година со усвојување на Резолуцијата 1244 за Косово на Советот за безбедност на Обединетите нации.

На 9 јуни 1999 година во кампот на француската бригада на НАТО што беше стационаирана на спортскиот аеродром Аџитепе кај Куманово, по петдневни преговори, генералите на СР Југославија и НАТО го потпишаа тн. Воено-технички договор за повлекување на тогашните југословенски (СР Југославија односно Србија и Црна Гора) воени и безбедносни сили од јужната српска покраина Косово.