Левица: Зошто институциите молчат за незаконското работење на автокампот Крани?

  • Реакција на Левица – Сектор Туризам.

После вчерашната објава за незаконското работење без лиценца, без елементарни услови во автокампот Крани во Преспа, до нас пристигнаа уште докази за тоа како на црно се печалат пари од узурпаторите на Авто Кампот.

Имено, фирмата Агроплод дооел во катастар на недвижнини е запишана како сопственик на дел од автокампот ИЛ: 819, а додека Република Македонија е сопственик на земјиште, недвижен имот запишано во ИЛ. 549.

Агроплод дооел свесно знаејќи дека не е сопственик на целата површина на автокампот Крани, направила Договор заверен на нотар со фирмата ДУТП Трпеновски од Битола, за давање под концесија на автокампот Крани.

ДУТП Трпеновски уште од 2015 година стопанисува со кампот и склучува договори за Услуги за кампување со камперите, при што наплатува пари за истите.

Но, во Договорот за концесија што Агроплод дооел го прави со ДУТП Трпеновски во 2021 година во Членот 3 и 4, Агроплод јасно ПРИЗНАВА дека истиот е незаконски, дека Агроплод ги нема решено со државата имотно-правните работи, дека нема дозвола за вршење на дејност, и со Трпеновски се договараат дека во случај на иден спор или тужба од државата или друга странка, заемно да го решаваат проблемот.

Како што објавивме вчера, автокампот Крани нема добиено од Министерство за економија лиценца за вршење на дејност давање на услуги за кампување, не е запишан како автокамп во Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, не работи според Законот за автокампови, ниту ги исполнува минималните технички услови за давање на угостителски и туристички услуги.

Заштитен од надлежните институции, автокамп Крани со години работи на црно, склучува договори со камперите на црно и истиот остварува незаконски профит.
Во прилог докази од Договорите.

  • Фотографиите од документите кои го покажуваат незаконското работење можете да ги видите на овој линк.
  • Претходната реакција на Левица на оваа тема можете да ја видите на овој линк.