АктуелноЛокалноНастани

100.000 луѓе ќе останат без право на глас, дециден е министерот Тошковски

Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски во гостувањето на утринската емисија на „Слободен печат“ апелира до Собранието да се промени законската одредба кое што го регулира начинот на идентификација и начинот на гласање се со цел да можат 100.000 да не го загубат правото на глас.

„Доколку не се промени законската одредба кое што го регулира начинот на идентификација и начинот на гласање ќе имаме сериозен проблем, драконски ќе се прекрши правото на гласање. Овие 100 илјади луѓе кои немаат документ со новото уставно име се резиденти на Македонија, сите се со право на глас, но немаат важечка лична карта но имаат активен пасош со старото уставно име и во ваква ситуација испаѓа дека овие луѓе го губат правото на глас. Државата не е во можност да извади толкав број на документи бидејќи бројката е огромна. МВР веќе изготви соодветна информација до Владата и ќе побарам уште утре да биде разгледана на владина седница и се надевам дека Владата ќе се вразуми и ќе предложи до Собранието сами да го увидат и решат овој проблем“, изјави Тошковски.