АктуелноЛокално

Јованов: Каквo е тоа поимање на слобода во која моќните и богатите прават што сакаат?

  • Став на на Тамара Јованов – Апасиева – Професорка на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – во Штип

“Спакувај” го како што треба и човек ќе го пренесеш жеден преку вода!

Или, како светот ги голтна глупостите на неолиберализмот и слободниот пазар на Фридман:

Чикашката школа на економијата – еден од главните извори на злото, ако ме прашувате мене, многу умешно го присвојува зборот слобода, како вродена желба на човекот, за да го оправда дивеењето на котпорациите по профит.
Замислете, некој да ви го каже следното, завиткано во комплексни математички формули (финансирани од корпорации), а вие да поверувате и да речете, да така треба:

  1. Отстранување на сите правила и регулативи на патот на профитот;
  2. Продажба и приватизација на сите јавни добра во државата (вода, струја, храна, образование, здравство, инфраструктура, фабрики…), со што ќе преминат во рацете на моќни поединци;
  3. Намалување на финансирањето на социјални политики;
  4. Укинување на минимална плата и работнички синдикати;
  5. Сиромашните и богатите да плаќаат исти даноци?!
  6. Никаква заштита и вложување на државите во равој на сопствена индустрија и глобален пазар за корпорациите!!!

И народот да си изгласа политичари што ова ќе го спроведат и да вели дека тоа е начинот за просперитет?!

Каква е тоа поимање на слобода во која моќните и богатите прават што сакаат, а тие под нив, се модерни робови, на краток синџир, преку формулата “сосема доволно достоинство”, за да не се бунтуваат?!

Кој човечен може да каже дека е во ред квалитетно образование да е достапно за една рака луѓе, дека ќе се лекуваш само ако можеш да платиш, дека водата треба да е сопственост на неколкумина моќници, дека не треба да имаш гарантирана минимална плата за трудот и вредноста која ја создаваш?!

А колку пак треба да си луд, за да ова го прифатиш, проповедаш и да пробуваш да го примениш?!

Пс. Историски, најголем развој нациите и државите не бележат во време на капитализам, туку во време на менаџирана економија и силни вложувања во социјални политики и внатрешни, силни институции и индустрија! Не мешајте ефекти на капитализам, со колонијализам и водење војни за профит!