АктуелноЛокално

(Видео) Левица со кампања за 16 дена активизам за борба против насилството врз жените

  • Соопштение на АФЖ – Левица

Жената која е жртва на насилство, доколку не добие соодветна поддршка или разбирање од полицијата, здравствените работници, судството или другите институции, тоа води кон секундарна виктимизација, а жртвата дополнително е загрозена.

Важно е институциите и професионалците да бидат внимателни и сензитивни во однос кон жртвите и да им обезбедат потребна поддршка и заштита. Истакнувањето на секундарната виктимизација може да помогне во подигање на свеста и промена во пристапот на системите за поддршка.

Оваа власт предводена од ДУИ и СДС целосно потфрла во системот за заштита на жените жртви на насилство, а доказ за ова, за жал се премногу зачестените случаи на фемицид, сексуални напади и семејно насилство изминатиот период.

Жените, иако сѐ повеќе се едуцирани и сѐ почесто се охрабруваат да пријават насилство, ИНСТИТУЦИИТЕ; обвинителствата, МВР, центрите за социјална работа, па сѐ до Министерството за труд и социјална политика, се оние кои длабоко ПОТФРЛААТ и има сериозна потреба од едукација за посериозен пристап кон жените кои им се обраќаат во очај. Од работата на СДС како владејачка партија седум години, гледаме тотална негрижа, а тоа го потврдија и забелешки од Извештајот на ЕК.

Молкот на одговорните институции е СОУЧЕСТВО во насилството врз жените.

Секундарна виктимизација е СОУЧЕСТВОТО на власта преку институциите во насилството врз жените.