Димески: Државата нема да има ништо од грчките концесионери на Чебрен
- Дел од гостувањето на Игор Димески – Координатор на Левица – Сектор енергетика
„Мора да направиме дистинкција помеѓу домашно и државно производство на струја. Зошто? Денеска имаме еден куп ситни производители на електрична енергија – приватници. Имаме еден голем, тоа е ТЕ-ТО – Скопје.
Кога се случи кризата, што ќар имавме ние од тие објекти? Домашно производство е. Домашно производство ТЕ-ТО си произведуваше струја додека имаше евтин гас, целата струја ја продаваше за извоз или на пазар го продаваше овде за 400-500 евра мегават.
Владата вели ќе го зголемиме домашното производство. И што ако го зголемиме? – Домашното производство не е НАШЕ. Утре да ни се случи криза, грчките концесионери на Чебрен можат комотно струјата да си ја носат за Грција и пак државата нема да има ништо. Разликата помеѓу домашно производство и државно производство е многу голема.“