АктуелноЛокално

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, делегација на Секторот култура на Левица положи венец пред споменикот „Ослободители на Скопје“

79 ГОДИНИ СЛОБОДНО СКОПЈЕ – СМРТ НА ФАШИЗМОТ СЛОБОДА НА НАРОДОТ!

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, делегација на Секторот култура на Левица, предводена од координаторот Антонио Димитров, Снежана Стојчевска и Панче Велков, положи венец пред споменикот „Ослободители на Скопје“, со што оддадоа почит кон народните херои од НОБ.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада, во жестока и одлучна борба со фашистичките окупаторски сили ја донесоа слободата на Скопје како главен град Македонија.

Нивните дела и жртви се наш аманет и поттик за продолжување на борбата за слободна и суверена Македонија во братска соработка помеѓу југословенските народи!

Слава на партизаните, слава на паднатите борци и народни херои, нека се вечни идеалите на Народноослободителната борба и револуција!

Смрт за фашизмот, слобода на народот!