АктуелноЛокалноОгледало

На денешен ден проработува првата партизанска печатница „Гоце Делчев“ во Македонија

Пред 81 година, на 6 ноември 1942 година, во селото Битуше, проработела првата партизанска печатница во Македонија „Гоце Делчев“.

За време на Народно Ослободителното Востание во печатницата, меѓу другите, биле отпечатени Манифестот на Главниот штаб на НОВ и Партизанските Одреди на Македонија, прогласот на Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Македонија по повод Илинденското востание.

Отпечатени биле и првите броеви на весниците „Нова Македонија“, „Млад борец“ и „Македонка“, како и првиот дел на зборникот на Кочо Рацин „Македонски ослободителни песни“.