Западот самиот себе се казни со санкциите
Западот се обиде да ја удри Руската Федерација со санкции, но самиот се казни, изјави рускиот претседател Владимир Путин во Москва на состанок за економски прашања.
„Актуелната статистика покажува дека економската состојба во целина се развива предвидливо, во согласност со прогнозата. Во текот на девет месеци од оваа година рускиот БДП порасна за 2,8 отсто во однос на истиот период лани, а во август и септември порасна за 5,2 проценти. Во исто време, преработувачките индустрии кои не се поврзани со експлоатација на ресурсите растат со побрзо темпо“.
Невработеноста во Русија е постојано ниска, околу три отсто, а платите растат побрзо од инфлацијата, истакна претседателот на Русија. Тој се пошегува со новите санкции на ЕУ.
„Колку помалку ѓубре, толку подобро“, Путин ја коментираше можната забрана од страна на ЕУ за испорака на шрафцигери и игли, и изјави дека санкциите на ЕУ ќе се зголемат.
Путин предупреди дека Западот може да продолжи да врши саботажи и провокации против Русија.
Тој посочи дека е неопходно да се зајакнат сите позитивни трендови во индустријата, земјоделството и услужниот сектор во Руската Федерација, но и укажа на Владата и Централната банка дека е неопходно координирано намалување на инфлацијата. Покрај тоа, тој нареди внимателно да се следи динамиката на цените на општествено важните производи.
Според него, Регулативата за девизна заработка веќе одиграла позитивна улога.