Левица – Демир Хисар ја реставрира спомен плочата на загинатите илинденци во с. Слепче

Соопштение на Левица – ЛО Демир Хисар

Локалниот огранок на Левица – Демир Хисар, продолжува со реставрирање на спомен обележјата во нашата општина кои служат да се потсетиме на имињата на паднатите илинденци и партизани кои го дале својот живот за слободата на оваа држава и овој народ.

Како и останатите, така и оваа спомен плоча, поради негрижата на надлежните кои само полагаат цвеќиња и се сликаат пред неа, веќе неколку децении беше бледа и невоочлива!

Оваа спомен плоча од денес е во полн сјај а дадениот живот за слободата на татковината на илинденците Мито Пирковски од с. Слепче, Трајче Алексовски од с. Растојца, Лазор Петрески од с.Мренога и останатите од битолско, ќе добијат поголемо значење!