Апасиев: Буржујската ДПМНЕ повторно одработува за банкарите – против граѓаните
- Фејсбук статус на пратеникот Димитар Апасиев, по однос на предлог за измена на Законот за платежни услуги и платни системи поднесени од пратениците на Левица, со кои, се забранува профитирањето на банките на грбот на граѓаните од „измислени“ давачки, што претседателот на Комисијата за финансирање и буџет – Бојан Стојаноски од редовите на ДПМНЕ го држи во фиока.
Осеќате, нели, како банките легално ве поткраднуваат на ситно, на крајот на секој месец… Ви наплаќаат за се и сешто: за водење трансакциска сметка, за проверка на состојба на сметка, за кредитни и дебитни картички, за Е-уплатници, за трајни налози, за токени, курци-палци и мал милион други заебанции.
Епа, во процедура од мај месец 2023 е предлог за измена на Законот за платежни услуги и платни системи (поднесен по втор пат од Левица) – арно ама, претседателот на Комисијата за финансирње и буџет – Бојан Стојаноски (од редовите на ДПМНЕ), во дослух со банкарското лоби, не ја става точката на дневен ред и законот не може да се изгласа на пленарна седница.
p.s. Памтете го овој потег на следните избори, кога ДПМНЕ ќе ви ветува од пиле млеко.