АктуелноЛокално

Левица: Мицкоски без поддршка во Илинден

Реакција на Левица – ЛО Илинден

Лидерот на ДПМНЕ Мицковски во саботата се прошета во Општина Илинден и имаше можност да се увери како ДПМНЕ владее во Општина Илинден и колку граѓаните се задоволни од нивното работење.

При оваа посета Мицковски констатирал дека Здравствениот дом во Илинден бил руиниран и кажува дека Општината имала проект за кој што од страна на ДУИ и СДС немало слух за истиот да се реализира.

Мицковски заборава дека ДПМНЕ се на власт во Општина Илинден од формирањето на Општината, односно од 1996 година, цели 27 години, и за ова време сигурно Општината можела нешто посериозно да превземе околу Здравствениот дом, наместо сега да наоѓа изговори за катастрофално лошата состојба со овој објект!

Да споредиме, ако Илинденци немаат соодветен Здравствен дом, немаат канализација и соодветна патна инфраструктура, односно немаат соодветни услови за живот, за одредени поранешни функционери од ДПМНЕ работата не е толку црна оти тие располагаат (лично или преку лица блиски до нив) со огромни парцели земјоделска површина од поранешниот земјоделски комбинат, а за некои се шпекулира дека во новоизградените згради имаат и по неколку станови.

Општината е презадолжена благодарение на ДПМНЕ, а тоа е логично така бидејќи тие ја практикуваат власта.

За граѓаните во Македонија и во Илинден е јасно дека нема разлика помеѓу СДС и ДПМНЕ и дека благодарение на овие две партии имаме целосен распад на системот, променето име и омаловажување, како и целосна партизација на институциите со партиски и несоодветни кадри.

Единствено Левица како политичка партија може да донесе ред како на локално така и на централно ниво, а тоа граѓаните го знаат и препознаваат