АктуелноЛокално

Клуб на читатели посветен на книгата „Во главата пишувам расказ“ во Градска Библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје

Утре 27 октомври во Градска Библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје- спомен-соба „Т’га за југ“ со почеток од 18 часот ќе се одржи луб на читатели посветен на книгата „Во главата пишувам расказ“ од Елизабета Баковска и Сашо Димоски.
Овој клуб ќе биде и читачки – секој од присутните може да прочита омилен дел или расказ по избор од „Во главата пишувам расказ“.

Модератор на клубот ќе биде Гордана Каракашевска, библиотекар во ГБСК.

Клубот на читатели, книгата на месецот, како и разговорите со авторите се дел од вториот циклус на голема кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори.