АктуелноЛокално

Поради измените во КЗ преиначено делото на екс-директорот на Онкологија

Обвинителството го преиначи кривичното дело за кое го гонеше екс-директорот на Клиниката за онкологија доктор Нино Васев, за случајот со пациент болен од канцер, на кого со месеци не му била препишувана терапија а потоа починал, објави Телма. Причината е во тоа што се промени Кривичниот Законик и Обвинителството е должно да го применува принципот на „поблаг закон“.

Така, максималната казна со преиначувањето на кривичното дело според кое што Обвинителството го гони доктор Васев, од 5 години се намалува на 3 години во случај на евентуална осудителна пресуда. Исто така, со преиначувањето, делото застарува за кривичен прогон во ноември 2024 година.

Доктор Васев, доктор Игор Стојковски и доктор Марија Симоновска се товарат дека на пациент три месеци не му препишале терапија по што му се влошило здравјето и починал. Тие пред судот кажаа дека не се чувствуваат виновни. Вештаците уште не се сослушани.

Овој случај не е поврзан со предистрагата која ЈО Скопје ја води за целокупната работа на Клиниката за онкологија и која ја почнаа пред околу еден месец