АктуелноЛокалноНастани

Изложбата на подводни фотографии „Потонато културно историско богатство“ на 22 август во Охрид

Насловена како „Потонато културно историско богатство“, изложбата на подводни фотографии ќе се одржи на 22 август, вторник, пред платото на хотелот „Палас“ во центарот на Охрид.

Во организација на Нуркачкиот клуб „Акватек“, изложбата ќе биде отворена во 19 часот, во рамки на социјално-едукативната програма „Ohrid Water Festival“.

„Запознајте се со подводните културни и историски добра во Охридското Езеро, со цел афирмација на подводната археологија и промоција на поинакви подводни знаменитости во Охридското Езеро“, велат организаторите.