АктуелноЕУИнтернационално

Унгарија контра ЕУ: Од наш интерес е да соработуваме со Русија

„Унгарија ќе ја продолжи соработката со Русија во области кои не спаѓаат под санкциите на Европската унија, бидејќи тоа е во национален интерес, особено во енергетската безбедност“, изјави денеска министерот за надворешни работи Петер Сијарто по средбата со рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко во Будимпешта.

Состанокот се одржа на маргините на конференцијата на министрите за животна средина и здравство организирана во соработка со Светската здравствена организација, што даде добра можност да се разгледа соработката на двете земји, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со Мурашко, пренесува МТИ.

„Русија останува сигурен партнер во снабдувањето со фосилни горива, без кои би било физички невозможно да се задоволи побарувачката во Унгарија“, рече тој.