АктуелноИнтернационално

Ројтерс: Освен Трамп, сите останати живи американски претседатели се директни потомци на робовладетели

Според истражувањето на Ројтерс, најмалку 118 влијателни луѓе во САД, вклучително и поранешни претседатели, членови на Конгресот, сенатори, гувернери и судии од Врховниот суд, имаат свој предок кој бил робовладетел.

Предците на Џозеф Бајден, Џими Картер, Џорџ Буш, Бил Клинтон и Барак Обама поседувале робови, додека Доналд Трамп го нема на списокот.

Предците на Џозеф Бајден, Барак Обама и Бил Клинтон поседувале робови

Најмалку 100 членови на сегашниот Конгрес имаат предци кои чувале робови, а меѓу нив се 28 отсто републиканци и 8 отсто демократи.

Меѓу потомците на сопствениците на робови има 28 сенатори и 11 од вкупно 50 гувернери на сојузните држави,а во Врховниот суд на САД има двајца такви.

Агенцијата Ројтерс наведува дека при истражувањето на американската политичка елита пронашла имиња на повеќе од 700 луѓе кои биле поробени од предците на сегашните политички лидери.

Меѓу американските претседатели, семејството на Џими Картер имало 54 робови. Предците на Бајден и Клинтон имале по еден роб, Обама двајца, а семејството на Буш 25.

Џорџ Буш е единствениот поранешен жител на Белата куќа кој одговорил на барањето на агенцијата да ги коментира резултатите од истражувањето на Ројтерс.

Претседателот Буш при посетата на Националниот музеј на афроамериканската историја и култура изјави: „Ви благодариме за вашето истражување. Големиот народ не ја крие својата историја, се соочува со своите грешки и ги исправа.“ Тоа вознемирувачко минато нè инспирира да одиме понатаму и побрзо на патот кон подобра иднина на слобода и правда за сите“.

Одговори и портпаролот на Џими Картер, но истакна дека семејството Картер моментално се фокусира на здравјето на поранешниот претседател за време на неговиот престој во болница, истакнувајќи дека Картер отсекогаш бил поддржувач на расната еднаквост и правда, откако станал гувернер на Џорџија.