АктуелноИнтернационално

Кинезите направија евтина батерија за автомобили со која се поминува 1000 км, а се полни за 15 минути

Технологијата за батерии продолжува силно да се развива, а кинеските компании ги предводат овие промени во светот.

Goushn Hi-Tech, еден од најголемите производители на батерии за автомобили во Кина, објави дека развил технологија која ќе обезбеди поевтини и помоќни батерии за електрични возила, пренесува „Блумберг“.

Goushn Hi-Tech неодамна претстави батерија која се состои од литиум железо и манган фосфат, скратено LMFP, со која ќе може да се помине 1.000 километри со едно полнење, a полнењето ќе трае само 15 минути.

 Досега таков радиус овозможуваа претежно поскапите никел-кобалтни батерии.

Goushn очекува нивната LMFP батерија да чини пет проценти помалку од конвенционалната LFP батерија и дури 20 до 25 проценти помалку од никел-кобалтните батерии.

Батеријата LMFP може да замени некои никел-кобалтни батерии „со исти перформанси, но пониска цена и подобра безбедност“, објасни Ченг. „Тоа е многу привлечно за производителите на електрични автомобили и очекувам многу компании да го следат овој тренд.

Технологијата LMFP не е нова, но овие ќелии традиционално не се користат во електричните автомобили поради нивната ниска спроводливост на високи температури. Компанијата смета дека нивната нова батерија, која ја нарекува „астроино“, ги надминала овие технички предизвици. Покрај тоа, ќелиите со додавање на манган ќе создадат вистинска можност да се натпреваруваат со други технологии и компании.

Според Ченг, „астроиното“ би можело да биде во масовно производство веќе во вториот квартал на следната година, бидејќи батеријата ги поминала сите безбедносни тестови. LMFP батериите ќе се произведуваат во две фабрики во кинеската провинција Анхуи.

Исто така, Гушн планира да изгради фабрика за батерии во американската држава Мичиген. Минатата година компанијата беше осми по големина производител на батерии во светот, пренесува „Блумберг“.