Медведев: Колку повеќе оружје ѝ испраќате на Украина, толку повеќе целиот свет е во опасност
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, ги искоментира изјавите на украинските власти по однос на диверзантската терористичка група која влезе на руска територија и тој ваквата класификација ја нарече „апсолутна лага“.
„Колку и да зборуваат во Киев дека немаат никаква врска со ваков вид диверзантски напади, сето тоа е лага, се разбира, апсолутна“, рече Медведев, одговарајќи на новинарски прашања за ситуацијата во регионот на Белгород.
„Режимот во Киев е одговорен за нив, а на крајот и неговите спонзори во странство. Тоа е Вашингтон и земјите на ЕУ, заедно со државите како Британија кои им се придружија итн. Тоа е нивна директна и непосредна одговорност“, нагласи тој.
Во продолжение беа искоментирани и испораките на авионите Ф-16 во Украина за кои Медведев остро констатираше дека колку што повеќе оружје ѝ се испраќа на Украина, толку е поголема опасноста за целиот свет.