АктуелноЛокално

Михајловски: Раковотството на ДПМНЕ ми призна дека Димитриевски бил нивен проект

„На еден состанок на општински комитет во Куманово после локалните избори се појавува раководството на партијата и кажува дека Максим Димитриевски е негов проект на кој работел година и пол“, изјави вчера Тони Михајловски во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс.

„Мој спот не се прикажа цела кампања, ОИШ не се формираше до крајот на кампањата, општинскиотн комитет е целосно распаднат. Има многу недоследности во решавањето на проблемите, тајни средби на потпретседатели на партијата со Максим Димитриевски и Максим ми кажа кога ќе завршат изборите ќе ти кажам кој ме ребреше.“

Михајловски додаде дека целиот тој процес за него бил стресен и дека неговата идеја за Куманово била злоупотребена од партијата и Мицкоски.

„Јас не сакам да знам кој е, највеќе се мразев себеси после тие избори, фатив херпес на нервните завршетоци, тоа е смртоносно, јас стварно отидов со срце за Куманово. Куманово е сега тешка пропаст. Јас кажав дека не сакам да права кариера, јас сакам да го вратиме тој некој сјај на градот и да ја оправдаме довербата на граѓаните, за првпат да добиеме мандат за да го најавиме и вториот.“

Кумановскиот актер додаде дека во кампањата за локалните избори влегол искрено и со желба да помогне на партијата од која денес се чувствува злоупотребено.

„Бев викнат, сакаш ли да бидеш кандидат. Јас сум бил игран од самиот старт, мојата намера беше чесна и искрена, немав никакви лукративни примери, јас не се борев за себе туку за партијата да покаже што може да направи. Најверојатно за Максим уште во првиот круг има потрошено 9000-10.000 илјади гласови на ВМРО-ДПМНЕ, за 3-4.000 за Оливер.“

На крајот тој додаде, дека првпат во животот се чувствувал како губитник во сопствениот град, само заради Мицковски.

„Јас најверојатно бев икебана и дозволив заради тој човек (Мицкоски), 30 години во Куманово се враќам како победник, првпат заради него се враќам таму како лузер“, – вели Михајловски.