Народе на Тирана – Шест Македонци, борци за слобода, ги бесат денес, фашистичките колачи на тиранската земја

  • На денешен ден пред точно 80 години во Тирана обесени се шест партизани од ПО „Кораб“ во Тирана.

Ноќта на 26. спрема 27. април, на ден Велигден, партизаните од новоформираниот ПО „Кораб“ беа затекнати во заседа во Ново Село, гостиварско. Во нерамномерна борба со балистите во селото загинаа Злате Дамјановски, Анте Гиноски, Радован Цониќ и Боге Велјановски. Душко Поповиќ, Илија Антевски – Смок, Раде Угриновски, Драге Тодоровски, Трифко Андоновски, Ристо Оџаклиевски, Злате Малаковски, Јаким Синадиновски, Антигона Туфа и Сина Димитровска биле заробени, а осуммина успеале да го пробијат непријателскиот обрач.

Заробените партизани биле депортирани во Тирана. Малолетните партизани, меѓу кои и народниот-херој Злате Малакоски беа осудени на робја, а оние возрасните беа осудени на смрт со бесење. По повод оваа одлука на фашистичките колаборациониси, Комунистичката партија на Албанија испечати летоци и повика на протест.

„Народе на Тирана, шест Македонци, борци за слобода, ги бесат денес фашистичките колачи на тиранската земја.“ стоело на врвот на летокот.

Илија Антевски – Смок, Душко Поповиќ, Христо Оџаклиевски, Раде Угриновски, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски паднаа во името на животот за да живеат засекогаш.