По повод 120 годишнината од убиството на Делчев, македонските левичари се поклонија пред првиот гроб на левичарот

  • Соопштение на Политичката Партија Левица

По повод 120 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и народен херој Гоце ДЕЛЧЕВ (1872-1903), официјална партиска делегација на Левица на највисоко ниво, предводена од претседателот – проф. д-р Димитар Апасиев и раководителката на АФЖ – Весна Кираџиева, го посетија некогашното село Баница (Серско, Егејска Македонија) – местото на загинувањето и местото на првиот гроб на Војводата, Учителот и Апостолот на македонската народно-ослободителна борба.

БАНИЦА било село сместено на планината Шарлија (Бродска Планина), на 20-на километри од градот Сер. Во она време имало околу деведесет куќи населени исклучиво со Македонци. Кобната Битка кај Баница во која на 32 годишна возраст загинува Делчев, предаден од пробугарските врховисти, се случува неколку дена по познатите Солунски атентати (1903), на кои Делчев лично бил сведок. Османлиската војска, кој го следела неговото движење, го бомбардирала селото со топови, а како одмазда ги запалила куќите. Во текот на двете балкански и Првата светска војна, Баница била трипати палена, а еднаш и црквата во која се наоѓале коските на Гоце, но тие за среќа останале неоштетени. Од раселеното село Баница денес е останата само камбанаријата на црквата, до која тече Фратска Река, каде што делегацијата на Левица оддаде почит со палење свеќи и положување свежо цвеќе.

Токму до олтарот на селската црква се наоѓал и ПРВИОТ ГРОБ на Гоце! Дури во 1918 година неговите посмртни останки се откопани и однесени во Софија, откаде што – со дозвола на комунистичкиот лидер Георги Димитров – во 1946 година се пренесени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, како главен град на новата социјалистичка држава Македонија.