Обвинителството и полицијата намерно изоставиле „службени лица“ за издавањето пасоши на светски криминалци

Судијката Оља Ристова, која судеше во случајот „Двојник“ за издавање на 215 македонски пасоши на белосветски криминалци, вели дека полицијата и Обвинителот го подготвувале предметот селективно и намерно изоставувала „дел од службените лица“.

„Дефинитивно постои селективна правда, бидејки ја сум судија во Кривичниот суд во Скопје и тоа можам да го видам низ предметите коишто се доставуваат до мене за судење. Многу јасно се гледа дека во тие предмети дел се опфатени а дел не се опфатени од службените лица,“ – вели судијката Ристова

Ристова истакнува дека никому не му е јасно зошто се случувало тоа, освен на полицијата и на Обвинителот, којшто се занимавал до тој предмет. Судијката порачува дека за да се надминат ваквите сериозни пропусти треба да има ревизија на тој предмет.

„Би требало да има некаква ревизија на работата на тие предмети, на Полицијата, на Јавното обвинителство, бидејки Судот никако не може понатаму да реагира ниту да додава, бидејки по законот за она што е обвинето за тоа и се суди“ – додаде таа.