Марш во чест на 120 годишнината од смртта на Делчев

Денес во Скопје, на вечното почивалиште на учителот Делчев, тим составен од високи претставници на Централниот комитет на Левица, се очекува да пристигнат после тридневен марш во чест на него.

Тимот е предводен од советникот Саше Јанчев, кој по трети пат го води маршот, а оваа година појачување се и Реџеп Исмаил – Хактан, Александар Симонов и Амар Мециновиќ. Делницата е на потегот од Гевгелија – Демир Капија – Велес – Скопје до гробот на Гоце Делчев во Св. Спас, а попатно им се приклучија и други членови од локалните ограноци на Левица низ Македонија.

Тимот во проширен состав се очекува да пристигне во текот на денот каде ќе бидат пречекани и заедно ќе се поклониме на гробот на Гоце Делчев во Св. Спас во Скопје.