Левица: Тимот за бугаризација на Македонија составен од владини мегафони и апологети на предавства
- Реакција на Политичката партија Левица
Министерството за правда конечно ги објави имињата на членовите на т.н. работната група која ќе да ја подготви предлог иницијативата за промена на Уставот, чиј предлагач е Владата. Групата ја сочинуваат лица кои сиот овој период на катастрофално владеење на СДСМ и ДУИ во јавноста имаа улога на владини мегафони во апологија и хвалоспевање на оваа антимакедонска власт.
Дури три имиња на оваа листа од овој владин тим се лица од тефтерот на „кацарска судството“, кои како вршители на највисоки функции се и најодговорни за екстермно ниската доверба во судството од страна на граѓаните. Двајца се дури и поранешни претседатели на Уставен суд, Сали Мурати, кој без никаква оправданост и образложение им ги зголеми платите на судиите и вториот е Бранко Наумовски, татко на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Александар Наумовски. Во друштвото судии за промена на Уставот е уште и озлогласената судијка од истото тефтерче, Цаца Николовска.
Од останатите т.н. експерти се уште и дежурниот дебатер по телевизии како апологет на СДС и ДУИ, Јетон Шасивари, потоа, на јавноста познатата Ана Чупеска, веќе добро познатата Беса Арифи, сестра на поранешната градоначалничка од редовите на ДУИ во Тетово, Теута Арифи. Потоа тука се уште и долгогодишниот соработник на Љубомир Фрчковски, Елена Михајлова Стратилати, Јагода Митревска од универзитетот во Св. Николе, кој се ребрендираше во согласност со својот бугарски партнер, како и Марија Пандевска која во јавноста го злоупотреби Институтот за национална историја (ИНИ) и од која неодамна се оградија и нејзинте колеги од истиот институт.
Очигледно е дека Владата на СДСМ и ДУИ немаат поддршка од стручната и интелектуална фела на Македонија, па морале да соберат штабски бижутерија интелектуалци и само-прогласени стручњаци кои ќе послужат како параван за оправдување и релативизирање на процесот на бугаризација на Македонија со внесување на бугарите во Уставот.
Тенденцијата и намерата на Владата со оваа група е јасна и од фактот дека понудените личности како „експертите“ од оваа листа, во јавноста досега се без ниту еден критички осврт за погубните политики на СДСМ и ДУИ, чии последици секојдневно народот ги чувствува на свој грб: инфлација, уништен здравствен систем, масовни селења, улични вооружени пресметки и убиства, бесгства од затвор, руинирано судство и образование!