АктуелноЛокално

Фирмата „Зои Пер Компани” ги криши работничките права – Инспекторатот не може да ја најде?!

  • Реакција на Левица – Трудов сектор

Во повеќе наврати до #Левица пристигнаа поплаки од страна на работници, вработени во скопската компанија „Зои Пер Компани”, каде како управител се јавува извесна Зорица Пероска.

Работниците алармираат дека не се почитуваат нивните законски права – односно компанијата не исплаќа К-15, како и прекувремена работа за празници. Дополнително, последната исплатена плата на оваа фирма изнесува 18.000 денари, што е под законски определената минимална плата.

Дека се работи за бизнис заштитен од олигархијата на власт, потврдува фактот дека, иако „Зои пер компани” била пријавена во Трудов иснпекторат, одговорот бил дека не можеле да ја лоцираат компанијата! Токму оваа компанија, минатата година добила ТЕНДЕР за обезбедување на ТИР зоните во вредност од 36 милиони денари.

Дополнително, „Зои Пер Компани” се јавува и во скандалот со пропаѓањето на Еуростандард Банка, како дел од компаниите кои добиле кредити без покритие. Јасно е дека оваа анти-работничка власт е во целосна заштита на бруталната експлоатација на работниците, со цел бизнисите блиски до нив да можат максимално да остваруваат профит од неплатениот труд на работниците.