Не им верувајте на овие луѓе, дојдени се да ви ја украдат земјата
- Пишува: Весна Кираџиева, член на ЦК на Левица
Астронаутите од екипата на Нил Армстронг, пред летот до Месечината, поминале неколку месеци во подготовки во некоја пустина во САД, која наликувала на површината на Месечината.
Тука живееле Индијанци (Домородци). Кога дознале дека Американциве се спремаат за да одат на Месечината, поглавицата на домородците ги замолил да запомнат една порака на јазикот на нивното племе за да ја пренесат кога ќе слетаат на Месечината. Домородците верувале дека на Месечината живеат свети духови.
Поглавицата ја кажал пораката на јазикот на своето племе и ги замолил астронаутите да повторуваат по него, се додека не ја запомниле како што треба. Не им кажал што значи пораката, велејќи им дека тоа е тајната која само луѓето од племето и духовите од Месечината смеат да ја знаат.
Кога се вратиле во базата, астронаутите упорно барале некој што го зборува јазикот на племето на старецот и конечно нашле некој да им ја преведе тајната порака. Пораката била:
„Немојте да поверувате во ниту еден збор што овие луѓе ќе ви го кажат. Дојдени се да ви ја украдат земјата.“
Домородците на сопствена кожа ја почуствувале „добронамерноста“ на Американците и сакале да ги предупредат духовите на Месечината, дека немаат добри намери. Кај нас има една поговорка, „не слушај гаталец, слушај паталец“. Домородците од Америка најдобро знаат што значи империјализмот на англо-саксонците; каде стапнале, донеле пустош и страдање, со исцрпување на природните и човечки расурси до неповрат.
______________________________________
Зошто ви ја кажувам приказнава сега? За денес Таљо закажа итна седница во Собрание, каде терористите од ДУИ, заедно со врушката СДС и американско криминално-мафијашка градежна мафија наречена „Бехтел и Енка“, сакаат во скратена постапка да узурпираат македонско земјиште, под изговор градење на Коридорите 8 и 10Д. Нема да ви навлегувам во стручно појаснување на подробностите за спорноста на сите девет закони кои сакаат мафијашите да ги прошверцуваат (имаме елаборирани реакции на Левица, преку засегнатите сектори, можете да ѕирнете), но само ќе ви го повторам цитатот од поглавицата:
„Немојте да поверувате во ниту еден збор што овие луѓе ќе ви го кажат. Дојдени се да ви ја украдат земјата.“