Адвокатот на осудените за 27-ми април: Организаторите на слобода, организираните во ќорќа!
Адвокатот на осудените од 27-ми април, Драган Пешевски, кој воедно е и подносител на предлог – законот за амнестија на осудените од овој случај, на својот фејсбук профил ја коментираше денешната пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која се укина пресудата за поранешните функционери: Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кои, како организатори беа осудени на затворски казни од вкупно 25 години за настаните од 27 април 2017 година, и предметот го врати на повторно судење.
Пешевски подвлекува на тоа дека со оваа пресуда организаторите се пуштаат на слобода, а од друга страна, организираните во ќорќа!. „Генералите у кафана, војниците на бесилка!“, додава Пешевски.
Забележувајќи дека судството како и државата, за едните, „подобните“, вели Пешевски, е мајка а за “потрошниот материјал” маќеа, тој апелираше и до Врховниот Суд на Македонија како највисока инстанца на судската власт, да ја укине, како што вели Адвокатот Пешевски, касапската, незаконска, смешна, трагична и душманска пресуда, за осудените од 27-ми април.
Подолу, во целост можете да ја прочитате објавата од Адвокат Пешевски објавена на својот фејсбук профил: