АктуелноИнтернационално

Александар Дугин: Глобалистите не можат да го поднесат суверенитетот на нивните вазали ниту на своите противници

Претседателските избори во Турција закажани за 14 мај годинава веројатно ќе бидат најтешкиот тест досега за претседателот Реџеп Таип Ердоган, пишува рускиот филозоф Александар Дугин за веб-страницата „Геополитика“.

На внатрешен план, зајакнувањето на неолибералната прозападна опозиција, особено на Републиканската народна партија, расколот во Партијата на правдата и развојот (АКП на Ердоган), сериозното забавување на економијата и порастот на инфлацијата, како и последиците од страшниот земјотрес е се позабележливо и тоа не му оди во прилог на шефот на државата.

На надворешен план очигледно е влошувањето на односите со САД и ЕУ, наведува Дугин и додава дека глобалистичкото раководство во Белата куќа се повеќе ја отфрла неговата политиката.

Главниот аспект на политиката на Ердоган е неговиот силен фокус на суверенитетот на Турција и на тоа се темелат сите негови активности како шеф на државата, оценува Дугин.

Првиот закон на глобализмот

Секој што е подготвен да му се потчини на Западот мора целосно да се откаже од суверенитетот во корист на наднационален центар. Тоа е првиот закон на глобализмот. Политиките на Ердоган директно се спротивставуваат на глобализмот, затоа Ердоган мора да биде отстранет по секоја цена.

Иако оваа глобалистичка цел не беше постигната за време на државниот удар во 2016 година, глобалистите ќе се обидат повторно да ја постигнат на изборите во 2023 година. На крајот на краиштата, тие сегогаш како резерва ја имаат практиката на „обоени револуции“.

Токму ова го видовме на дело во Грузија, чие раководство, после заминувањето на ултразападниот и либерален Саакашвили, се обиде да ја направи Грузија малку посуверена. Тоа беше знак за Сорос да ги активира своите мрежи и да започне бунт против „премногу умерениот“ однос кон Русија и „неприфатливо суверенистичкиот“ курс на режимот.

Многумина во Турција ги препишуваат неуспесите на економијата, растот на корупцијата и неефективноста на владата, на самите функционерите на АКП и нивниот административен персонал. Додека Ердоган е харизматична фигура, АКП не е. Партијата напредува со авторитетот на Ердоган, а не обратно.

Нов Ататурк или паѓање во заборав?

Со оглед на економски незавидната ситуација, ова е можеби неговата последна шанса да стане историска личност која својата политичка судбина ја врза со суверенитетот на турската држава.

Ако успее во тоа и си обезбеди континуитет, давајќи му конзистентна идеолошка формулација, тој ќе влезе во турската историја како втор Ататурк, спасител на турската државност во време на критични пресврти.

Но, ако падне, голема е веројатноста Турција да влезе во низа неизвесности, бидејќи кој и да го заземе местото ќе биде прозападно ориентиран, а тоа ќе значи неизбежен колапс на Турција во иднина, бидејќи глобалистите не ги заборавија своите планови за „Голем Курдистан“.

Глобалистите не успеаја да ги спроведат своите цели за време на бранот „обоени револуции“, по инвазијата на Ирак и Сирија, но сега падот на Ердоган може да им вдахне нов живот.

Конечно, противниците на Ердоган ќе бидат принудени на сериозна конфронтација со Русија, како што тоа ќе го бараат нивните господари на НАТО, а тоа ќе биде уште еден фактор за колапс на Турција.

Затоа, Ердоган се соочува со овие избори како да се неговата последна битка. Тој се соочува со противниците не само како политичар, туку како историска личност, како вистински лидер и симбол на својот народ. Конечно, вели Дугин, Ердоган може да го консолидира својот статус, но ако ги загуби изборите, ќе ги загуби неповратно и нема да добие втора шанса.

„Зелен Ататурк“

Во оваа ситуација, геополитичките анализи сугерираат дека Ердоган има друг ресурс, идеолошкиот. Тоа се истите патриотски кемалисти кои, за разлика од либералите од Републиканската народна партија, и покрај суровата репресија за време на случајот „Ергенекон“, застанаа на страната на Ердоган и целосно го поддржаа неговиот курс.

Некои кругови го нарекуваат Ердоган „зелениот Ататурк“, односно турскиот владетел, национален лидер со исламски тенденции. Политичкото лице на оваа исклучително влијателна групација во Турција, која главно ја сочинуваат офицери, е левичарската партија Ватан. За Ердоган, кој сега игра против Западот, овој антиглобалистички и мултиполарен вектор може да се покаже како одлучувачки. Доколку партијата Ватан влезе во коалиција со партијата на Ердоган, особено ако се земат предвид историски силните врски на Ватан со Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, тој ќе може да се ослободи од западното влијание.