АктуелноЛокално

Левица: 360 000 евра за патни нтрошоци на функционерите има, средства за најранливите граѓани нема

  • Реакција на Левица – Социјален сектор

Деновиве во јавноста повторно се појавуваат вести за семејство чии членови се со посебни потреби и кои се оставени сами да се снаоѓаат додека институциите „не можат да најдат начин“ да им помогнат веќе две недели!

Република Македонија во највискиот правен акт на една држава – Уставот, се декларира како СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА. И согласно Уставот се залага дека преку институциите државата ќе обезбеди минимум материјални услови за живот на нејзините граѓани.

Но изгледа дека министерката за труд и социјална политика од редовите на СДСМ – Јована Тренчевска не е запознаена со овој факт, бидејќи секојдневно гледаме како граѓаните се оставени на милост и немилост на суровото капиталистичко општество.

Ситуацијата со ова семејството е само последен во долгата низа на вакви случаи, каде што социјалните институции на државата се комплетно непостоечки кога треба да помогнат на најранливите граѓани кои се оставени сами да се снаоѓаат во бирократските лавиринти.

24 000 евра за премиерот Ковачевски да потроши во 3 месеца за реклами на социјални мрежи има, 360 000 евра за „патни трошоци“ за пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ/ДУИ има.

Само средства за најранливите категории на граѓани нема!
Затоа Левица како единствена работничка и социјална партија јавно прашуваме:

Што треба да се случи за ова и многу други семејства да ја добијат помошта што им е потребна и УСТАВНО ЗАГАРАНТИРАНА?

Што уште треба да се случи за министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, заедно со цела владина гарнитура да си поднесе ОСТАВКА?