Заради злоупотреба на службената положба Левица поднесе кривична пријава до градоначалникот на Росоман
- Соопштение на Левица – ЛО Росоман
Советникот од редовите не Левица, Влатко Трајков поднесе Кривична Пријава за Градоначалникот на Општина Росоман до Основното Јавно Обвинителство во Кавадарци.
Имено, Градоначалникот од СДСМ, Стојан Николов не постапува со преземени дејствија за прекин на работата на бесправно поставена Асфалтна база без градежна дозвола на м.в Лакот (К.П 4006/2 КО Росоман). Советникот Трајков на третата седница на Советот на Општина Росоман, оддржана на 06.11.2021 година постави советничко прашање за уредноста на документацијата за Асфалтната база на споменатата катастарска парцела. На 13.12.2021 година доби одговор дека Општина Росоман нема издадено одобрение за градба на таков објект.
Согласно, Советникот Трајков поднесе барање за стопирање на работата на бесправно изградената асфалтна база на 14.12.2021 година, на што Градоначалникот Николов уште нема реагирано!
Советникот Трајков на две последователни седници на Совет постави советничко прашање за постапката на стопирање на работата на асфалтната база, на што дури на 25.03.2022 година Градоначалникот Стојан Николов одговара дека ја известил градежната инспекторка Александра Делова на 24.03.2022 година. Со тоа, заклучивме дека Градоначалникот Николов свесно дозволувал работа на нелегалната асфалтна база свесно држејќи го предметот во фиока цели 100 дена, спротивно на Закон!
Градоначалникот до денес нема постапено согласно своите надлежности во насока на рушење на бесправно изградениот објект и стопирање на работата на асфалтната база со што веруваме дека свесно ја злоупотребува својата службена должност и овластување овозможувајќи им на сопствениците на асфлатната база да работат спротивно на Закон!