Вработените во СГГУ „Здравко Цветковски“ ја обвинуваат директорката за диктатура

Преку отворено писмо, објавено преку политичката партија Левица, вработените во средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје обвинуваат за диктатура, корупција и непотизам на сегашната директорка.

„Директорката на средното училиште СГГУ Здравко Цветковски во Скопје, според наши извори, ја продолжи својата диктатура во училиштето! Во најновиот изблик на самоволие, на професорка која 9 години работи во училиштето и има болно дете ѝ го прекина работниот однос и на на нејзино место прими нов човек.

По локалните избори новата локална самоуправа во Скопје, на чело со Шилегов, смени многу директори на средните училишта, но директорката на „Здравко Цветковски“ не ја разреши. Иако беше информирана не само дека станува збор за партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, туку дека врши злоупотребување на моќта и тероризирањето на вработените. Прашуваме, зошто толку директори се сменети, но не и директорката на „Здравко Цветковски“?

Еве ги наводите од писмото што го испрати група професори вработени од училиштето после локалните избори, надевајќи се дека промената на власта на локално и државно ниво, ќе ги спаси од директорката. Во писмото се зборува за огромен непотизам од страна на директорката на училиштето, за злоупотреби на финансиските средства, за кршење на правата на вработените, за нејзина непримерна поддршка за националистичките протести на„Тврдокорните“.“ – стои во објавата на Левица.

Во сликите подолу го пренесуваме писмото на вработените.