(Видео) Црвена Младина положи цвеќе во повеќе градови на спомен обележјата на жени борци
- Прес-конференција на Црвена Младина
Денес, Црвена Младина по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, се поклони и положи цвеќе низ повеќе градови во Македонија на спомен обележјата на жени борци учеснички во народноослободителната борба кои не смееме да ги заборавиме.
Елпида Караманди, Мирка Гинова, Вера Јоциќ, Ибе Паликуќа, Невена Ѓорѓиева -Дуња, Накије Бајрам, Вера Циривири – Трена се само дел од храбрите жени кои ги положиле своите животи во борбата за социјално и национално ослободување.
Несомнено е дека проблемот со опресијата кон жената и класната поделеност се врзани меѓусебно; Борбата на жените има класен, односно социјалистички континуитет. Имено, Меѓународниот ден на жената – 8 Март во суштина е Меѓународен ден на жените работнички.
Исто така по повод овој ден во Културно информативниот центар – Скопје, организираме проекција на документарниот серијал “Народни херои од Југославија”, каде што преку лични и непосредни сведоштва е опишано делото на народната хероина Елпида Караманди, со почеток од 18:00 часот.
Веруваме дека целосно еманципирање на жената е возможно, но единствено само во услови каде што класните разлики ќе бидат целосно сузбиени.
Честит 8 Март!