АктуелноЛокално

Крајвески: Газдите прикажуваат намален профит заради избегнување на даночните обврски

  • Фејсбук статус на Јован Крајевски – Член на Президиумот на Левица

Во обид да го избегнат најавениот данок на солидарност кој цели да ги оданочи екстра профитите на големите фирми, газдите веќе почнаа да прикажуваат„намален“ профит исплаќајќи си самите на себе си огромни плати.

Се разбира, никаква инспекција не ги посетува овие фирми за да утврди по кој основ платите на пар индивидуи преку ноќ се зголемиле по неколку пати, а сосем коинцидентно, тие индивидуи се истовремено директори/менаџери или во роднинска врска со директори/менаџери.

Истовремено, прогресивен данок на личен доход (како во отсуство на инспекции, оваа појава на задскривање данок би се избегнала) нема – Таче и одложената реформа комплетно ја укина и една од ретките прогресивни политики на социјал-демократите нема да биде спроведена.

Со ваков половично донесен закон, очигледно е дека само:

1) вештачки ќе се прикажат помали добивки од реалните на фирмите
2) вештачки ќе се прикаже поголема просечна плата од реалната
3) пар „будали“ ќе бидат „казнети“ што не се дрзнале и они да прикријат данок
Основата е добра, но потребна е сериозна политичка воља за квалитетно спроведување на овој данок.