АктуелноИнтернационално

Жозеф Борел се плаши дека војната во Украина ќе заврши

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозев Борел, вели дека војната во Украина може „заврши“ доколку ЕУ не ја зголеми воената поддршка!

„Војната со Украина ќе заврши доколку ЕУ не најде начин за неколку недели да го забрза снабдувањето со муниција за Украина, предупреди Борел, на последниот ден од безбедносната конференција во Минхен.

Тој рече дека специјалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ, закажан за 8-ми и 9-ти март, ќе им даде шанса на земјите да понудат муниција од нивните постоечки залихи, додавајќи дека на европските армии им требаат до 10 месеци да нарачаат и да добијат дури еден куршум.

„Ние сме во ургентен режим на војна“, рече тој. „Овој недостаток на муниција мора брзо да се реши; тоа е прашање на недели“. Тој додаде дека ако ова не се случи војната ќе заврши.

Борел нагласи дека уште и војната во украина може да послужи како „будење и надминување на табуата“ за трошење пари на оружје. Додека во однос на залченувањето во ЕУ на Украина, тој посочи дека тоа веројатно нема да се случи наскоро.