АктуелноИнтернационално

Лавров: САД сами си признаа дека експлозиите на „Северен тек” се нивно дело

„Американските функционери во суштина во своите изјави признаваат дека експлозиите на ‘Северен тек’ се нивно дело и со задоволство зборуваат за тоа.“ Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за информативно-едукативната лекција „Разговор за важното“, посветена на темата „Русија и светот“.

„Всушност, американските власти признаваат дека експлозиите што се случија на ‘Северен тек 1’ и ‘Северен тек 2’ биле нивно дело“, вели рускиот Министер.

Според Лавров, САД одлучиле дека Русија во последните 20-30 години соработувала „премногу добро“ со Германија. Министерот смета дека овој развој на моќен сојуз, врз основа на руските енергетски ресурси и германски технологии, се причина за појава на страв во САД, заради тоа што соработката помеѓу овие две земји ја загрозува монополската позиција на многу американски корпорации. „Затоа, беше неопходно да се некако да се уништи, и тоа во буквална смисла“, рече шефот на руското МНР.

„Овде има момент поврзан со фактот дека пријателството меѓу земјите, националното помирување меѓу нив, како што се случи меѓу Русите и Германците, стана ‘коска во грлото’ за оние кои не сакаат да се појави некој некаде на оваа планета кој ќе се натпреварува со главниот хегемон за каков што се прогласија самите САД“, додаде Лавров.

На 27 јануари, американскиот помошник државен секретар за политички прашања Викторија Нуланд рече дека „американската администрација е многу задоволна“ знаејќи дека гасоводот Северен тек 2 нема да работи.

На 27 септември, „Nord Stream AG“ извести за „невидено уништување“ што се случило еден ден претходно „на три линии на морските гасоводи Северен тек 1 и Северен тек 2.“

Шведските сеизмолози регистрирале две експлозии на 26 септември долж трасите на гасоводот. Шведското обвинителство на 18 ноември изјави дека експлозиите на гасоводи биле саботажа. Канцеларијата на јавниот обвинител на Руската Федерација покрена постапка за акт на меѓународен тероризам. На руските разузнавачки екипи им е забрането да вршат вештачење и истрага со цел да се утврди од чива страна бил спроведен нападот.