АктуелноИнтернационално

Западните тенкови ќе предизвикаат дополнително крвопролевање, но не и пресврт на бојното поле

По неколкунеделен притисок, германскиот канцелар Олаф Шолц одлучи да испрати борбени тенкови Леопард 2А6 во Украина, објавија денеска германските медиуми.

Таа најава дојде набргу откако „Волстрит журнал“ објави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е се поблиску до одлука за испраќање тенкови „Абрамс М1“ во Киев, што е услов на Германија да даде зелено светло за испраќање сопствен оклопен возила.

Иако се уште не се знае колку точно тенкови ќе бидат испратени во Украина, како и дали ќе бидат испратени од самата Германија или друга членка на НАТО, како што е Полска, јасно е дека западните тенкови наскоро ќе се најдат на украинското бојно поле.

Началникот на Генералштабот на украинската армија Валериј Залужњи минатиот месец во интервју за „Економист“ изјави дека на неговата земја и се потребни „300 тенкови и 600-700 оклопни возила“ за да се врати на границите на Украина од 24 февруари минатата година.

Пензионираниот генерал-мајор д-р Митар Ковач смета дека ваквото сценарио не е реално.

„Испораката на тенкови во Украина само ќе го зголеми страдањето и ќе го продолжи времетраењето на конфликтот, но нема да доведе до промена на исходот. Тоа е претставено како подготовка за поразот на Русија, но таа цел не е остварлива. “ изјави тој за РТ.

Доколку тие тенкови навистина и бидат испорачани на Украина, Русија ќе одговори жестоко и ќе ги таргетира уште пред да стигнат до линијата на фронтот. Бидејќи се работи за офанзивно оружје, употребата на такви тенкови ќе доведе до проширување на конфликтот, а со тоа и до зголемен потенцијал за поголема ескалација, смета Ковач. Исто така тој смета дека следниот чекор на Западот би можел да биде испраќање борбени авиони, како американски хеликоптери „Апачи“ и авиони Ф-16.

Од друга страна подготовка и обуката на украинските војници за управување со нив може да потрае и до една година. Тоа би значело дека пред тоа само војниците на НАТО, како Полјаците, би можеле да управуваат со нив, што би можело да доведе до натамошна ескалација на конфликтот.

Колку се ефикасни западните тенкови?

„Ова се тенкови од постарата генерација, но на нив се направени многу модификации, така што се добри исто како нови. Сепак, тие не можат да се борат во сложени зимски услови“, рече генералот Ковач.

Кога станува збор за „леопардите“, нивниот најголем проблем е нивната голема тежина.

Што се однесува до тенковите Абрамс, тие се меѓу најдобрите во светот, но тие се направени првенствено за места како Ирак и Авганистан, а не за Украина.

„На овие тенкови ќе им треба и многу муниција, делови и гориво, што драстично ги зголемува трошоците за нивната употреба со што се намалува и нивната ефикасност“.

„Огромен дел од советските тенкови што Украина ги доби од поранешните членки на Варшавскиот пакт е уништен. Досега се уништени над 7.500 украински оклопни возила, тенкови и други видови возила, како транспортери“, и дека тоа е главната причина поради која НАТО одлучи да испрати нови оклопни возила од западно производство.

Русија ќе продолжи да има предност кога се во прашање тенковите и по квантитет и по квалитет. Ги има најсовремените тенкови Т-90, како и ловци на тенкови кои работат на растојание од 6-7 километри, така што нема прашање кој ќе победи во тенковските битки, истакна Ковач.