Левица: Неспособното раководство на ЕЛЕМ ги остави децата без струја на Попова Шапка
- Реакција на Левица – Сектор туризам
Елем турс, компанија ќерка на ЕСМ, во својот хотел на Попова Шапка 20 часа ги остави без струја децата кои се на зимување таму.
Компанија во сопственост на ЕСМ, чија основна дејност и е производство и продажба на струја, во својот хотел ги оставила да се смрзнуваат децата и нивните родители.
Левица повикува на одговорност на директорот на Елем Турс, Адем Авзиу, како и генералниот директор на ЕСМ.
Вакви пропусти во туризмот не се дозволени и директно се на штета на гостите и имиџот на туристичките дестинации во државата.