АктуелноЛокалноСтав

Слезенковски: Нашата иднина се крои во други држави

  • Пишува: Слезенковски Кирил – член на Советот во Општина Илинден при политичката партија Левица

Нашата иднина се крои во други држави, а политичките одлуки се диктирани од странски фактори.

Дали политичките партии кои владеат од 1991 година до ден денес всушност имаат интерес за создавање на една стабилна и демократска држава која би просперирала, а граѓаните нема да се чуствуваат од втор ред?

Дали ќе се обидеме да направиме систем каде сите би биле рамноправни и каде што правдата ќе се искачи на виделина?
Одговорот лежи во самите нас, изборите служат за да има промена на политичката сцена, партиите кои досега се на македонската сцена се истрошени, пропагираат исти политики последните 30 години без никаков значаен развој во општеството, напротив одиме надолу.

Споредбено со нашите соседи, Македонија пропаѓа, економијата ни зависи од ”странските инвестиции”, електричната енергија од политичките субјекти, здравството од приватните болници, а образованието од непотизмот.

Самите си ја кроиме нашата судбина, да не дозволиме некој друг повлекува одлуки во има на македонскиот народ, бидејќи ако дозволиме зошто тогаш имаме наша држава?