Вашиот проблем е нашата идеолошка доследност
- Фејсбук статус на Јован Крајевски – член на Президиумот на Политичката Партија Левица
Кога протестиравме против Груевски, ни велеа дека го ситниме отпорот. Требало да гласаме за СДСМ.
Кога ги критикувавме економските политики на новата власт, кои директно удрија по џебот на работниците, ни велеа дека сме утописти кои не разбираат доволно економија за да увидат дека сиромавиот мора да се осиромашува, а богатиот да се збогатува. Требало да се вратиме на критиката за Груевски.
Кога се спротивставивме на Преспанскиот договор, ни велеа дека сме станале десничари и дека сме ја кочеле европската иднина на Македонија. Требало да се вратиме на економските прашања.
Кога се спротивставивме на албанскиот шовинизам, ни велеа дека сме фашисти.
Кога се спротивставивме на бугарскиот фашизам, постанавме агенти на хаосот.
Вашиот проблем е нашата идеолошка доследност. Вашиот проблем е тоа што децата на транзицијата и нивните деца ви се одметнаа, што најпрогресивните слоеви на општеството заземаа авангардна позиција и се спротивставија на крупниот капитал, потчинетоста кон империјалните сили и сегрегацијата во општеството.
Вашиот проблем е што не знаете како да не сопрете, бидејќи нас не води историска идеа наместо личен интерес, а против таков непријател не сте научени да играте.
Затоа и ќе изгубите.