Јанчев: Обвинителство со прст не мрда за кражбата на струја во Арачиново
- Фејсбук статус на Саше Јанчев – Советник во Општина Гевгелија и член на ЦК на Левица
Во Арачиново според ЕВН има кражба на струја од 6 милиона евра годишно. Во Арачиново во време на енергетска криза, кога сите општини штедат, потрошувачката на струја е зголемена за 474% за разлика од лани.
Мојата фамилија си плаќа редовно сметки и на памет не ни паднало да се приклучиме на диво.
Во Општина Гевгелија се гасеше струја по институции и беше сменето старото улично осветлување со ново. Беа ставени нови штедливи сијалици кои штедат многу, но за разлика од претходните и слабо светат, па за разлика од претходно одиме во темно.
Сума сумарум, си плаќаме редовно сметки, не се приклучуваме на диво, одиме по потемни улици и послабо осветлена општина за да заштедиме, а во Арачиново и кражби и трошење пет пати повеќе од лани и никому ништо. Обвинителство со прст не мрда, а има и поднесена кривична пријава од Левица.
Да се уклучам јас сеа на диво и за мене ли вака нема да реагира обвинителство???
Јас како Македонец од Гевгелија без партиска книшка од ДУИ сум граѓанин од втор ред (не сум ни втор) во Македонија.
Во Македонија нема граѓанско општество! Нема едно опшЕсво за сите! НЕМА! Има граѓани од повеќе редови.
Од прв ред се Албанците од ДУИ.
Сите други се втор, трет, четврт во зависност од комбинација на националност, партиска книшка (во зависност дали книшката е на локална, централна или комбинирана власт) и имотна состојба (капитал).
Уште Бугарите во Устав и ќе ја опраиме. Уште бугарашката партија која веќе е на сцена ни фали да почне да вика извади книшка и пиши се Бугарин за да те вработиме на државно и тек тогаш на европскиот пат крај ќе му нема. Уште само сеа да ни влезе и после нема излегување.
Умоболни властољубци!